По веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на Бетон хала во Белград во јавноста се огласи и познатата македонска новинарка и ТВ водителка Миланка Рашиќ, која последниве години е ПР на популарниот македонски пејач со белградска адреса на живеење.

„Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома. Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра. Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале“, пишува во првиот дел од соопштението.
Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица.
„Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави. Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и се грижат за него“, е наведено во соопштението.

Фото: Фејсбук/Milanka Rasic



