За финалето од „Ѕвездите на Гранд“ се уште се зборува и се размрсуваат или пак замрсуваат теориите на заговор за тоа кој требало да победи, како се поделени гласовите, дали е наместено и слично.
Директорот Саша Поповиќ на финалето кажа дека гласовите односно смс пораките ќе бидат јавно објавени за секој од кандидатите кои беа меѓу најдобрите, па така и се случи.
Во последната вечер беа добиени 529.636 гласови, од кои 56.880 беа од Србија, 252.465 од Босна и Херцеговина, 8.243 од Црна Гора, 198.507 од Македонија и 13.541 глас од Хрватска.
Најмногу гласови од публиката доби Шејла Зониќ, која беше прогласена за победничка на 17-та сезона на најпопуларното музичко шоу.
Во финалната вечер Шејла доби 132.047 гласови од публиката, од кои 10.125 од гласачите од Србија, 114.351 од Босна и Херцеговина. Од Црна Гора 2.872 гласа, од Македонија 2.693, додека од Хрватска 2.006 гласа.
View this post on Instagram
Вицешампионската позиција ја зазеде Мики Секуловски од Македонија, кој во финалето доби вкупно 102.103 гласови. За него од Србија гласале 3.738, додека од Босна и Херцеговина 2.082 гласа, од Црна Гора 864, од Македонија 95.231 и од Хрватска 188 гласа.
Третото место го зазеде Андријана Петрушовска, која доби вкупно 71.875 гласови, од кои 2.200 се од Србија, 1.723 од Босна и Херцеговина, 284 од Црна Гора, 67.396 од Македонија и 272 гласа од Хрватска.
View this post on Instagram
Четвртата позиција во големото финале ја зазеде Антонија Черкез со 47.879 гласови. 2.346 гласови дојдоа од Србија, 36.056 од Босна и Херцеговина, 828 од Црна Гора, 1.124 од Македонија и 7.525 од Хрватска.
View this post on Instagram
Мелиса Зијадиќ гордо го освои петтото место во „Ѕвезда Гранда“ со 31.955 гласови. Таа доби 1.315 гласови од Србија, 1.739 од Босна и Херцеговина, 178 од Црна Гора, 28.615 од Македонија и 108 од Хрватска.
фото:Instagram printscreen/ Zvezde Granda/ You Tube printscreen/ Grand Online