Радио Милева непоканета

Саша Матиќ проговори по прозивката на Јелена Карлеуша: „Да не правиме реални шоуа“

Саша Матиќ проговори по прозивката на Јелена Карлеуша: „Да не правиме реални шоуа“

Пејачот Саша Матиќ откри зошто не ја поканил колешката Јелена Карлеуша на забавата по повод полнолетството на неговата ќерка Тара. Карлеуша и Матиќ имаат снимен дует „Не смеам да се заљубам во тебе“, а Јелена јавно го критикуваше на социјалните мрежи затоа што не е меѓу гостите.

– Вистина? Не сум ја поканил? Немам поим. Знаете што, ја оставив ќерка ми сама да ги организира повеќето работи. Ајде да не правиме реално шоу од ова, ве молам – рече Саша Матиќ, додека еден новинар потоа истакна дека Јелена јавно му замерила за ова на социјалните мрежи:

– Па, што сега?! Никој на никого тоа не  му го замери!

Да потсетиме,  Карлеуша го  задеваше својат колега на X, објавувајќи гиф од филмот Maleficent:

„Јас, кога непоканета ќе се појавам на забавата на Саша Матиќ, на која тој ја покани целата забавна индустрија, па дури и случајни минувачи, но не и мене затоа што пејачите му дадоа „добронамерен совет“ да не го прави тоа. Ѝ посакувам среќен роденден на неговата ќерка.“

foto: printscreen/instgaram/X

To top