Маркетинг експертката Сања Ристиќ или на Инстаграм попозната како Сањалала, а во јавноста и како девојката на Перо Антиќ, според интензитетот колку ја има на социјалните мрежи, Сања станува, односно е една од највлијателните македонски инфлуенсерки.
Бидејќи маркетингот е нејзина силна страна, Сања Ристиќ многу добро знае како се’ тоа да спои и изведе до крајниот посакуван и добитен резултат.

Таа е поборник за здрав живот, редовна е во теретана и со здрави навики од секојдневието од кои се храни и се исполнува прихо- физички.
Од реклами и препораки за накит, облека, па се до такви за флаширана вода, Сањалала е вешта за многу нешта.

А бидејќи првично перцепцијата е насочена на оној кој тоа го нуди, Сања и во тој поглед умее да се покаже во вистинско светло.
Последно таа претставува еден бренд за флашираан вода, а за потребите на објавата излезена е во природа на џогинг и носи трико кое совршено ја нагласува нејзината вита става.

Вакво трико богами и не е за секого, но за Сања мора да се признае дека го носи како вистинска амазонка.

Инаку, Сања и Перо Антиќ открија дека се во врска пред две година, а оттогаш постојано покажуваат дека љубовта си го одржува балансот.
фото:instagram printscreen/sanjalala




