Радио Милева животната приказна на водителката

Сања Кужет формално не е мажена, ама исто како да е во брак: „Невенчани сопружници“!

Сања Кужет формално не е мажена, ама исто како да е во брак: „Невенчани сопружници“!

Водителката Сања Кужет е една од оние јавни личности кои ретко зборуваат за својот приватен живот, а речиси никогаш не споделува фотографии од својата посилна половина на социјалните мрежи.

Сепак, во интервју за Гранд, таа го отвори срцето и ја раскажа својата љубовна приказна со својот сопруг Немања, што може да им послужи како инспирација на многумина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Сања и Немања се запознале кога таа имала 21 година, а тој 23. Средбата се случила на Крит, и како што вели водителката, сè започнало случајно.

„Се запознавме во авионот, а потоа и за време на летниот одмор. Се дружевме заедно, иако во тоа време не стануваше збор за романтични искри, туку само за пријателство. Дури по враќањето во Белград се роди симпатија и кратка врска. Сепак, сè помина брзо“ – се присети Сања.

Животот ќе ги раздели некое време, а Сања призна дека во меѓувреме била заљубена во сосема друга личност. Сепак, десет години подоцна, повторната средба  со Немања сè променила.

„Кога повторно се видовме, имав впечаток дека станува збор за сосема друга личност и дека почнуваме од нула. Се покажа дека тоа е вистинска љубов“ – откри водителката. Иако долго време се во врска и имаат семејство, Сања и Немања не се во брак. Тоа, како што вели таа, воопшто не влијае на нивната среќа.

„Нашиот статус е „невенчани сопружници“, како што велат денес. Нам ни е убаво и не сме робови на формалностите. Љубовта и врската се она што нè исполнува“ – рече Сања, која само пред една година го роди својот трет син.

Фото: grand.nova.rs/Инстаграм/sanja_kuzet

To top