Рускиот продуцент и шоумен Сергеј Дворцов зборувал за хонорарите на српскиот актер Милош Биковиќ, познат по бројните ТВ-серии и филмови кои уриваат рекорди на гледаност во Русија.
Според Дворцов, Биковиќ во моментот е еден од најбараните и најуспешните актери во руската кинематографија. Високата побарувачка од продуцентите и режисерите се рефлектира во неговите хонорари: за еден ден снимање Биковиќ добива од 3 до 4 милиони рубљи (од 33.000 до 44.000 евра). Покрај тоа, српскиот актер добро заработува и од рекламирање.
Зборувајќи за рускиот „Пасија“, продуцентот рекол дека финансискиот успех на Биковиќ е целосно оправдан.
„Неколку наши филмови на актерот се снимени во Подмосковљ. Конкретно, кога го глумеше амбициозниот и неверен сопруг на Оксана Акиншина во една од руските ТВ-серии, изнајмувањето филмската вила со огромен камин и ловечки трофеи чинеше 250.000 рубљи (2.800 евра) дневно“, изјавил Дворцов.
View this post on Instagram
Како што пишуваат руските медиуми, популарноста на Биковиќ во таа земја е толку голема што дури и веќе напишаните сценарија може да се сменат за да се прилагодат на него. Претходно беше откриено дека за филмот „Црвена свила“ требало да се напише поинакво сценарио за Биковиќ да ја прифати главната улога.
фото:Instagram printscreen/ bikovic