Радио Милева кажа „ДА“

Роденденско запросување: Масивен скапоцен камен блесна од свршеничкиот прстен на раката на Љупка Митова која се мажи по вторпат (фото)

Роденденско запросување: Масивен скапоцен камен блесна од свршеничкиот прстен на раката на Љупка Митова која се мажи по вторпат (фото)

Познатата струмичка инфлуенсерка и сопственичка на своја лукс- модна линија „MITROFF“, Љупка Митрова, прејде на следно, повисоко ниво на љубовен план.

Љупка по вторпат кажа „да“, а на нејзината рака блесна свршенички прстен со масивен скапоцен камен за кој таа се пофали на социјалните мрежи.

Според приложеното, романтичниот чин на запросување се случил во Рим- Италија каде Љупка и нејзиниот сакан Ѓорѓи отпатуваа непосредно откако таа во интимна домашна атмосфера со ќерките го прослави својот 38-ми роденден.

Дека во љубовта и оди се’ како што треба, таа постојано покажуваше и докажуваше, па евидентно и транспарентно беше дека на љубовно поле и цветаат ружи откако неодамна го покажа партнерот и  прослави една година од романсата кога беа на Малдиви.

Веќе на следното патување за Денот на вљубените, Љупка си доби и луксузен подарок од саканиот, и тоа не било каков, туку автомобил од марката „Порше Кајман“ со кој тогаш се пофали.

Јасно беше дека намерите и врската се сериозни, а беше и само прашање на време кога гупалчињата ќе се скрасат и ќе падне брачна понуда.

Среќно вљубената трендсетерка иако зад себе има еден пробаднат брак, а и неуспех со следните избори потоа, таа не се откажа од тоа да го направи својот сон јаве  и да го најде својот принц, кој веруваме дека овој пат е вистинскиот.

Инаку, Љупка од првиот брак има две ќерки кои се нејзината најголема гордост и среќа.

фото:Instagram printscreen/ ljupka_mitrova

To top