Рада Манојловиќ пред неколку недели се појави како специјална гостинка на концертот на Александра Пријовиќ во Осиек, а потоа откри како изгледала нивната прва средба.
Рада ја искористи приликата да се потсети на моментот кога за прв пат ја слушна Александра како пее, а сето тоа се случи на нејзиниот настап пред повеќе од десет години.
„Таа тогаш се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ и се сеќавам дека дојде на еден мој настап и ме замоли да испее една песна. И реков секако дека може ако пееш добро, а таа ми одговори дека смета оти добро пее. Тогаш ја отпеа песната на Цеце „Доктор“, таму ја слушнав првпат и се воодушевив. И кажав дека мора да се пријави за „Ѕвезде Гранда“, а потоа ми рече дека веќе се натпреварува, па ја поканив публиката да гласа за неа. Се враќавме заедно од тој настап, имаме слики од задното седиште на мојот автомобил и оттогаш се знаеме“ – изјави Рада за Екстра ФМ и додаде:
„Ти благодарам Александра за поканата, чест е да се биде дел од овој историски успех и историска турнеја. Често настапувам овде во околината, но ова е нешто посебно“.
Фото: Инстаграм/radamanojlovic/aleksandraprijovic