Милица Тодоровиќ проговори од болницата и за Телеграф.рс откри како се чувствува и низ што поминува.
Пејачката призна во изјавата дека нејзината најголема желба се остварила, но и дека ѝ се случило она што не сакала – го изгубила млекото.
– Мојата најголема желба во животот се оствари, да ја исполнам мојата улога како мајка, и за тоа сум му благодарна на Бога. Ќе ве замолам, како што правевте досега, да ме почитувате мене и моето семејство за да остане така. Кога ќе дојде време, ќе разговараме за сè, сега само сакам да се опоравам и да бидам среќна со моето дете – рече Милица.

– Поради стресот од приказната што следеше по породувањето, го изгубив млекото. Сега најважно за мене е здравјето на детето – рече пејачката.
Инаку,мајката на пејачката истот така е во болница поради операција на слепо црево.
фото:instagram printscreen/milicatodorovicofficial






