Позната телевисиска водителкка и поранешна мисица Вера Мештеровиќ, доновиве направи преседан кога е во прашање нејзината наследничка – ќерката Јована.
Иако синот и ќерката имаат позната мама, тие не сакаат јавно да се експонираат, а мама ја почитува нивната одлука.

Сепак, овој празничен период полн со емоција, чусвтво на сплотност и екстра време со најдрагите, направи Вера и ќерката Јована да покажат јавно едно заеднично „селфи“ за „стори“ приказните на мама.

Јована веќе е тинејџерка, има 14 години и е пресликана убавица на мама.
-Моето најголемо достигнување, мојата безусловна љубов, моја љубов без граници, пишува Вера во една од објавите со своите наследници Јована и постариот Андреј.
За потсерување, Вера Мештеровиќ децата ги доби од бракот со фудбарелот Игор Кралевски кој траеше 10 години, а тој од првиот брак има уште еден син.
фото: Instagram printscreen/veramesterovic






