Давањето бакшиш на сцената и неговото делење е секогаш табу тема меѓу музичарите, а хармоникашот и водач на оркестарот во „Никогаш не е доцна“ вели дека самиот бил сведок на тоа како еден од неговите колеги го зема сиот бакшиш од настапот.

Хармокашот Маки Аранѓеловиќ откри дека во текот на неговата долга кариера се соочил со непријатни ситуации кога станува збор за добивање бакшиш на настапите. Како што вели, иако повеќето од неговите колеги работат чесно, се случувало некои да се обидат да ги задржат парите од бакшишотсамо за себе и тоа во договор со келнерите.

„Се случило во неколку наврати, но не би сакал да именувам кој бил. Не е ништо страшно, но се случило. Да речеме дека некој пејаќ ќе скрие банкнота во ракавот, па му ја дава на келнерот кој потоа ја носи до колата. Потоа си делат меѓу себе“ – рече Маки. Хармокашот вели дека ваквите работи излегуваат на виделина многу брзо, бидејќи гостите често ја снимаат атмосферата на забавите.

„Потоа се случува некој гостин да го сними моментот и да ми го покаже. После тоа, тој колега ја прекинал соработката со мене“ – рече музичарот.

На прашањето дали постарите или помладите пејачи се полоши во вакви ситуации, Аранѓеловиќ беше краток и јасен.
„Постарата гарда“ – заклучил тој.
Фото: Grand.online






