Хрватската полиција вчера вечер го уапси српскиот актер Сергеј Трифуновиќ на границата со Србија, на преминот Бајаково.
Сергеј Трифуновиќ вчера вечер околу полноќ е уапсен на граничниот премин. Имено, тој е приведен додека се обидувал да ја премине српската граница и да влезе во Хрватска, пишува Слободна Далмација.
Сега хрватската полиција излезе со официјално соопштение за случајот со српскиот актер.
– Утврдено е дека постои основано сомнение дека мажот сторил прекршоци по членовите 5 и 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, поради што денеска е спроведен во службени простории.
Актерот Сергеј Трифуновиќ неодамна се сврши со својата девојка Исидора, која проговори за нивната врска.
View this post on Instagram
Трифуновиќ и лани имаше проблеми во полицијката и тоа во Сплит, а беше пријавен за две кривични дела, чување животно без надзор и навреда на полицајци.
фото:Instagram/printscreen/ whistler_dick