Пејачката Ана Николиќ и нејзиниот партнер, композиторот Горан Ратковиќ Рале, неодамна се свршија.
Како што обично се случува, двојката треба да започне заеднички живот, но Николиќ имала малку необична визија, а тоа е да живее во хотел.
Според извор близок до двојката, по свршувачката, пејачката поставила јасен услов во врска со нивниот заеднички живот.
– По свршувачката со Рале, таа поставила услов дека сака да живеат заедно, но не на Авала поради далечината и грдите спомени што ја врзуваат за тоа место поради нивните претходни конфликти – почнува изворот.
Затоа тие направиле привремено решение додека не завршат работите во нејзиниот стан.
– Ана и Рале ќе живеат заедно, но во хотел додека не завршат работите во нејзиниот стан и реновирањето – заклучува изворот.

Боки 13 застана пред камерите на српските медиуми, а во таа пригода се осврна на свршувачката на пејачката Ана Николиќ со нејзиниот партнер Горан Ратковиќ Рале.
– Не верувам, каква црна веридба, којзнае што е. Дали е тоа момент на ново лудило меѓу нив, мислам, не дај Боже – рече тој, а потоа коментираше дали ќе има свадба:
– Поради Ана, би ми се допаднало. Ни Рале не е лош, но кога ќе се соберат, тие се убиствена комбинација. Ја верил во гаќи? Па, тоа е бизарно, тоа не е интересно – рече Боки 13 за медиумите.
фото:instagram printscreen/ananikolicofficial




