Радио Милева к'о нов

Пејачот Спасен Силјановски по операција од болнички кревет најави она што од таа позиција никој не очекуваше (видео)

Пејачот Спасен Силјановски по операција од болнички кревет најави она што од таа позиција никој не очекуваше (видео)

Познатиот фолк пејач и ТВ водител Спасен Силјановски пред неколку дена се соочи со кардиолошки здраствен проблем, а за се’ тоа преку своите профили на социјалните мрежи ги извести своите следбеници и поддржувачи.

Спасен пред, а и по интервенцијата објасни дека оперативниот зафат поминал во најдобар ред, а тој се чувствува добро, па дури е подготвен за неколку дена да се врати на работа со микрофонот во раце.

-Само да ве поздравам од овој болнички кревет, инаку јас сум супер. За оние што не знаат, а ме прашуваат – мала интервенција на срцето која што не е опасна, рутинска интервенција, сега е во ред, уште подобар сум, се чувствувам одлично. И затоа да ви најавам дека на 8-ми март се гледаме во Радовиш. Овој болнички кревет не е соодветен за најава на нешто посебно спектакуларно, но ќе го искористам да најавам една огромна турнеја во Австралија во април со мојот млад колега Методија Столески и „Престиж бенд“. Фала Ви на сите за поддршката, се гледаме здрави и живи, порача Спасен.

Со оптимизам и позитивна енергија човек победува се’ – ова беше мотото на Силјановски кој со нова енергија и подобро здравје оди напред кон новите секојдневни животни предизвици.

фото:Facebook/ Spasen Siljanovski

To top