Пејачката Злата Петровиќ откри дека си обезбедила место за погреб во Белград. Како што објави „Информер“, Злата неодамна купила стан од 35 квадратни метри, а имотот во кој живее им го оставила на синот Јован Пејиќ и снаата Ена Чолиќ.
Пејачката сакала да си резервира „вечно почивалиште“, па затоа се впуштила во целата постапка и на крајот купила место за гроб.

– Точно е, зедов парцела за погреб во Белград. Сè уште има многу документација за завршување, но сум на половина пат. Секогаш размислувам за иднината и сакам да им олеснам на моите деца. Обезбедена сум – рече пејачката.
Foto: printscreen/zlatapetrovic_fan





