Радио Милева изгуби свест

Пејачката се сруши среде сцена – Падна, па обезбедувањето веднаш ја однесе

Пејачката се сруши среде сцена  – Падна, па обезбедувањето веднаш ја однесе

К-поп пејачката Хјуна (33) се онесвести за време на настап во Макао, Кина, само неколку дена откако ослабе 10 килограми.

Пејачката го изведуваше својот хит „Bubble Pop“ кога одеднаш ја изгуби свеста и падна на подот.

На снимката се гледа како танчерите веднаш трчаат да ѝ помогнат, додека обезбедувањето ја носи од сцената.


Кога се освести, им се обрати на своите обожаватели преку Инстаграм, сакајќи да ги увери своите 16,1 милиони следбеници и да се извини за сè што се случи.

– Навистина, навистина ми е жал… Иако помина само кратко време од мојот последен настап, сакав да ви приредам одлично шоу, но не чувствувам дека успеав да бидам професионална. Искрено, не се сеќавам на ништо – напиша пејачката, додавајќи дека ќе работи на својата издржливост и ќе продолжи со напорни тренинзи.

– Навистина сум добро! Не грижете се за мене! Се надевам дека сите ќе имате добра ноќ. Спијте добро – рече таа, додека нејзината агенција „At Area“ потврди дека пејачката моментално се одмара по инцидентот.

Foto: printscreen/instgaram

To top