Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска не е само „кралица на бакшишот“ – епитет кој го доби по обилно заработените екстра суми пари, туку и атракција за очи, за која најмногу се лепат „влажните машки погледи“ на нејзините настапи.
Како и не би кога Марија знае да биде не само атрактивна, туку и мошне провокативна и во изгледот и во имиџот, облекувањето, однесувањето… Арно ама, за секоја пејачка, покрај пеењето и имџот, велат важно е и танцувањето, а тоа на битолската фолкерка како да и е слаба страна?
Иако повеќето кои биле на нејзините настапи баш и не мислат така, сепак танцот на ѕвездата секого баш и не воодушевува!
До душа Марија не дека не знае или дека воопшто не танцува, напротив… Пејачката на сцената меша како мешалка, како миксер кога мати јајца за шлаг за торта, а на многумина умот уште оддамна им го помати и со хотелското видео со нејзината „љубовна вештина на танцувањето в постела“, ама тоа е друга приказна од едно време минато.
Она што сега Марија Луиса го прикажува на сцена, некого ич не го бендиса, па и стави сериозна забелешка, дека „не ја бидува“?! И тоа никој друг, туку нејзиниот роден брат кој во преписка „и ја плесна в лице“ целата вистина, што пејачката во прв момент ја погоди, па му возврати и го замоли да не и набива комплекси…
Иако подоцна и самата си призна, дека братот не е напорен, туку реален!
И можеби и самата си мисли дека двете нозе и се леви, ама не е важно што мисли дамата, туку што мислат другите штом самата замеша на сцената.
Последниот настап – најдобар доказ. Уште кога на тоа ќе надодаде нејзината провокација без градник, онака „наежена“ со набрекнати брадавици, ќе се возбудите и вие до степен да ве полазат морници и обземе желба за… уште една тура! Тогаш кому му е гајле дали на пејачката двете нозе и се леви или десни? Гостите, осоебно оние машките, а и понекои женски, ни самите не се свесни, зашто низ умот им се матка само една мисла: „Како ли сега ѕвездата танцува во постела“?
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska