Радио Милева кон решавање на проблемот

Пејачката чека операција: Александра Бурсаќ по венчавката заврши во болница (фото)

Пејачката чека операција: Александра Бурсаќ по венчавката заврши во болница (фото)

Пејачката Александра Бурсаќ неодамна го кажа судбоносното „да“ на својот 10 години помлад избраник, пејачот Стеван Секулиќ, а по венчавката реши да се справи со својот здравствен проблем.

Имено, таа неодамна откри дека има хидронефроза на бубрегот и дека боледува од неа веќе десет години, а сега дојде моментот кога ќе го реши овој здравствен проблем.

Таа требаше да се оперира пред свадбата, но операцијата беше одложена и беше одлучено да се направи по веселбата. Имено, таа моментално е во болница и се подготвува за интервенцијата, а сега откри како течат анализите кои треба да ги направи пред оваа процедура.

– Се е во ред, благодарам на прашањето. Сега има само подготовки бидејќи е зафатен бубрегот, па затоа е потребна дренажа. Операцијата е во сабота – изјави Александра.

Нејзиниот сопруг Стеван Секулиќ летово откри дека пејачката ќе се подложи на оваа хируршка интервенција, но не сакаше многу да зборува на оваа тема.

– Чекаме да помине свадбата и нејзината операција, тогаш ако даде Господ. Таа оди на операција на бубрегот, нема да зборувам понатаму – изјави тогаш.

фото:Instagram printscreen/ bursacaleksandra_official

To top