Радио Милева бизнис

„Паричникот ми беше целосно празен“: Теодора Џехверовиќ си ја отвори душата, еве кога и беше најтешко (фото)

„Паричникот ми беше целосно празен“: Теодора Џехверовиќ си ја отвори душата, еве кога и беше најтешко (фото)

Теодора Џехверовиќ нема време за одмор. Целата летна сезона ќе ја помине работејќи.

Пејачката во интервју за тамошните медиуми и откри на јавноста и призна дека во еден момент сакала да се откаже сè и кога и било најтешко.

– За мене беше одлична работа што купив стан. Ништо не е подобро од тоа кога ќе си обезбедите сè за себе. Не е лесно, но е многу убаво. Сè беше обезбедено од мене. Фала му на Бога што сега работам за утре да несе мачи моето дете. Мојата најголема желба беше да се занимавам со музика, а кога почнав да заработувам повеќе отколку што можев да замислам, тогаш мојата голема цел беше стан.

Најтешко ми беше на самиот почеток, кога го вложив буквално последниот динар во бизнисот. И не знаеш дали ќе ти се врати. Во реалното шоу влегов без динар, буквално. Кога влегов во тој формат, на влезот ми го побараа паричникот, личните работи, да ги чуваат кај нив. Го давам празниот паричник и велам:

„Можеш да го фрлиш, нема ништо внатре“. Горда сум на себе затоа што оттогаш многу се подобрив. Имав многу тежок период, тоа беше 2022 година. Тогаш сè ми се собра. Невистините за мене, обемот на работа, го изгубив идентитетот. Не чувствував дека знам што правам на работа. Ми требаше пауза од работа за да се соберам. Мислам дека тоа е нормално, секој се чувствува така во одреден момент. Вербата и моите блиски луѓе многу ми помогнаа. Кога не толку убавите работи доаѓаат во бизнисот, сфаќате дека љубовта кон музиката е посилна од се друго. Имав моменти кога помислував да се сокријам, но потоа се случуваат големи концерти и сфаќам дека не можам да живеам без тоа. Од целиот тој проблем излегов посилна, научив да кажувам „не“ и подобро да се грижам за себе.

 

фото: printskrin/instagram/teodora_.fp

To top