Вики Миљковиќ и Јелена Карлеуша повторно се скараа за време на овонеделното издание на шоуто „Пинк ѕвезди“.
Членовите на жирито се завојуваа околу натпреварувачките од Босна и Херцеговина, кога Јелена ја обвини Вики дека ги зема сите натпреварувачки, но Виолета брзо ја негираше својата колешка од жирито.
– Ќе имаме уште еден кандидат кој ќе ја избере Вики – почна Јелена.
– Ах, Јелена, колку си љубоморна, уживај, опушти се малку – одговори Вики.
– Јас сум најљубоморна на Вика, по тоа сум позната. Не можам да се опуштам кога си ми конкуренција во жирито. Љубоморна сум, особено на кандидатите од Босна, кои те избираат тебе. Всушност, Вики е најголемата босанска ѕвезда – продолжи Карлеуша.
View this post on Instagram
– Што ќе правам кога ќе ме сакаат, години подоцна, не велам дека другите не постојат. Тие не избираат кој е голема ѕвезда во Босна, ги помеша лончињата. Тие избираат ментор, Јелена. Дали денес и минатата недела доби кандидат од Босна? – рече Миљковиќ.
– Не ме прекинувај, девојко, многу си се опуштила. Јас не сум Зорица да те пуштам, за разлика од неа, не сум толку фина – додаде Карлеуша.
– Па што ќе правиш? Ќе ме тепаш? – и кажа Вики.
Како во „Ѕвездите на гранд“, така и во „Пинк ѕвезди“, Карлеуша и Вики секогаш се во војна.
фото:Printscreen/ Pink TV/pinkovezvezde_official



