Радио Милева се'за комфорот на мама

Од трошна куќа до луксузна вила: Вака изгледа семејсниот дом на Душко Тошиќ во Орловат

Од трошна куќа до луксузна вила: Вака изгледа семејсниот дом на Душко Тошиќ во Орловат

Душко Тошиќ, поранешен фудбалер и поранешен сопруг на пејачката Јелена Карлеуша, пораснал во селото Орловат во близина на Зрењанин, каде што повремено оди да ја посети својата мајка Николета.

Тошиќ има две куќи во Орловат, едната спроти друга. Вложил многу пари во нив, за да обезбеди удобен живот за својата мајка.

Соседите од селото го обожаваат и сите се среќни кога ќе слушнат дека е тука.

– Душко е сакан и почитуван од сите во селото. Секогаш кога имало несогласувања со Јелена, никој не сакал да дава изјави за медиумите. Сите секогаш веруваат дека се зрели луѓе и дека можат сè да решат сами. Душко ѝ носел разни работи и подароци на мајка си, а ги делел и на соседите кои многу го сакаат. Сите во селото се радуваат кога ќе дознаат дека е тука. Имаат две куќи, новата е преку улицата, па затоа добрите вести брзо се шират во едон мало место  – изјавил извор претходно за Република.рс

Преку Инстаграм, каде што не се рекламира често, Тошиќ еднаш покажа како ужива во риболов на реката Тамиш, опкружен со недопрена природа.

Душко Тошиќ имал многу скромно детство, и покрај успехот и луксузот што го стекнал и  живот што го ужива, никогаш не заборавил од каде потекнува, па затоа го реновирал семејниот дом во селото.

Денес, дотраената куќа е целосно реновирана и воопшто не личи на скромниот дом во кој пораснал. По смртта на неговиот татко Милорад, од 2018 година, во куќата живее само неговата мајка Николета.

Тој пораснал во тешки финансиски услови, но никогаш не ја заборавил љубовта и поддршката што ги добивал од своето семејство.

фото:Instagram printscreen/ duskotosic/Paparazzo Lov

To top