Радио Милева назад во игра

Од „рекла казала“ муабети осамна информација што се случило и зошто шеф Боби го нема во „Брза кујна“

Од „рекла казала“ муабети осамна информација што се случило и зошто шеф Боби го нема во „Брза кујна“

Тимот на пиперките од популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, извесен период остана без шеф Бобан Симоновски, а на негово место како замена дојде шеф Зоки.

Токму оваа промена, односно отсуство на шеф Боби ги стави во прашалници верните гледачи кои преку социјалните мрежи коментираа и прашуваа што се случило и зошто повторно има промена во поставата откако шеф Марк напушти пред Боби да дојде на неговата позиција.

Негодувања имаше доста, но се’ тоа остана само како „рекла казала“ муабети од кои пак произлезе и информација што наводно му се случило и поради истата причина тој бил спречен да доаѓа на снимањата.

Па така, во Фејсбук коментарите на нашата последна објава, осамна и коментар од кој пишува дека шеф Боби доживеал незгода, а за истата на соученик кажал неговиот син.

-Синот на Боби учи со мојот син. Му кажал дека имал Боби несреќа му паднал мотор на нога. Не знам дали мотоцикл или мотор од некоја машина. Ама знам дека е повреден затоа го нема некое време, стои во коментарот од наш читател.

Набрзо потоа се огласи и шеф Боби преку својот Инстаграм каде наедно потврди дека навистина доживеал незгода, па вели:

„Незгодата ме посети, ама тавчето не ме заборави!“- напиша тој за фотографијата каде се гледа дека веќе се вратил во студио и започнува повторно со снимањата на следните епизоди од „Брза кујна“.

Повредата очигледно останува само лошо минато кое му посакуваме никогаш да не се повтори.

фото:Instagram printscreen/simonovskiboban

To top