Радио Милева модни љубовџии

Ноне купи моден додаток, ама тој заврши на друго место: „Не за кого е речено, туку за кого е печено“ (ВИДЕО)

Ноне купи моден додаток, ама тој заврши на друго место: „Не за кого е речено, туку за кого е печено“ (ВИДЕО)

Најшетаната велешанка, а многу веројатно и најшетана позната Македонка, екс пејачката Нона Неделковска покрај своите морско-океански патешествија со работата на прекуокеанските крузери, е познатаи како голем љубител на домашни миленици. Во нејната куќа отсекогаш имало куче, маче, папагал… Па така е и ден денес кога во домот на Неделковски заедно со семсјството живеат двете четвороножни миленичиња – кучката Луси и мачорот Бошко. Двете бели како снег, палави како ветер, ама слатки како мед.

Секогаш кога не е некаде по светот, Ноне во родниот Велес им посветува огромно внимание на обата миленици. Луси е она со која се шета во природа, по паркови и зеленила, ја носи на излет крај езеро или на планина…

А Бошко „дете машко“ е мачориште за играње по дома или евентуално во дворот.

Штом дојде зимата и застуди, домашните миленици добиваат и свој дополнителен аутфит. Најмногу Луси носи блузички, џемперџиња или дуксер, па затоа Ноне и овој опат се погрижила да и ја збогати и обнови гардеробата.

Слатко, плетено бело џемперче со розови рабови на ракавите и околу половината, со апликации од мноштво црвени срциња.

Арно ама… Како што вели и старата добра поговорка: „Не за кого е речено, туку за кого е печено“, така испаднало и овој пат кога џемперчето не заврши кај оној за кого било купено, туку кај оној кому му е поточно!

Или како што самата Ное споделила, кај оној кому подобро му стои, во случајов мачешкиот „Lover boy“, откако палавиот „љубовџија“  модно го подновија!

Но, кога сме веќе кај љубовџиите, и таа не е покуса на тоа поле… Не, не мислевме на газдарицата која наводно сега е сама, иако Нона оддамна покажала дека на овој план и таа воопшто не заостанува, туку мислевме на нејзината кучешка љубимица.

Впрочем, прошетката по велешките сокаци најдобро ќе ви посочи за каква „кучешка заводничка“ се работи…

Та првиот пес што ќе го сретне и бил тотално непознат или оној од комшии!

Фото: Фејсбук и Инстаграм/nona.nedelkovska

 

To top