Радио Милева нова тв приказна

Неочекуван водителски спој: Марјана и Ненад се новата двојка на МРТ 1

Неочекуван водителски спој: Марјана и Ненад се новата двојка на МРТ 1

Утринското будење пред ТВ екраните од фреквенцијата на МРТ 1 носи нова и поинаква енергија, поточно еден неочекуван водителски спој од утринската програма „ Македонија наутро“.

Од неодамна водителот Ненад Ѓорѓиевски стана дел од тимот на утринската програма на МРТ 1, а од денеска се придружи и Марјана Станојковска.

Ново телевизиско утро започна на Првиот канал на МРТ, а со него и ново поглавје во кариерата на едно од најпрепознатливите телевизиски лица во Македонија. Марјана Станојковска денес за првпат ѝ посака „добро утро“ на својата верна публика како нова водителка на утринската програма „Македонија наутро“, а со неа и Ненад.

Со долгогодишно телевизиско искуство, препознатлив кредибилитет и автентичен стил, Станојковска важи за едно од највлијателните јавни ТВ-лица кај нас. Нејзиното приклучување кон тимот на МРТ носи нова енергија, професионалност и свежина во утринската програма на националниот сервис, ама и изненадување бидејќи секогаш ја поврзуваме со Лото и игрите од награден формат.

Гледачите кои со години ја следат нејзината работа, отсега секое утро ќе имаат можност денот да го започнат токму со Марјана Станојковска, која со насмевка и позитивна енергија го означи почетокот на својата нова телевизиска приказна.

-Навистина ми е чест и големо задоволство што станувам дел од тимот на оваа утринска програма и што утрата ќе ги започнуваме заедно, со актуелни информации, интересни гости, позитивна енергија и добро расположение.

Родио, ТВ водителот и караоке мајстор пак, Ненад Ѓорѓиевски очигледно повеќе преферира да ги менува фреквенците, особено телевизиски, а не му е проблем ниту да отпочнува нови телевизиски проекти и формати. Последно беше дел од утринската програма на Телма и емисијата „Никој да не знае“, а од годините наназад сме го гледале речиси секаде.

Во 2025 првпат во видовме и на МРТ од новогодишната програма. Патем… денес му е и роденден!

Нека е со среќа и за убаво!

фото:Instagram printscreen/

To top