Девет месеци по трагичната смрт на Андреј Ѓорѓиески од дуото „ДНК“, неговата сопруга Наталија сподели емотивно видео што ја открива неговата огромна хуманост.
Во видеото од ЈП „Лајка“, која таа го сподели на кратката приказна на социјалната мрежа Инстаграм, Андреј апелира за вдомување на кучето Макс, оставено од неговите сопственици, потсети дека музичарот недостига уште повеќе, а на видеото додаде бело срце во комбинација со ангелски крилја како симбол за неговата чиста, небесна љубов, духовна заштита, ангелска присутност и вечен живот.

„Макс е многу питом, ама е темпераментен и живчан како мене. Како викаат, кучето е најдобар пријател на човекот, така што, некој со двор и со убава куќа мислам дека ќе си го види алот ако го вдоми ова убаво куче и куќата ќе му биде безбедна – вели пејачот во видеото објавено во јули 2024.
Андреј и Панчо, кој почина на 14 октомври, како последица од големиот пожар во Кочани, секогаш помагаа на луѓето и на животните.
Андреј загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, на 43-годишна возраст. Покрај сопругата Наталија, тој зад себе ја остави и 11-годишната ќерка Јана.
Foto: print screen/Instagram






