После големиот пожар што се случи во Кочани во клубот „Пулс“, во кој изгореа 59 млади животи, ништо во Македонија не е исто. Ниту тагата не е иста, ниту радоста, па ниту славењето на својот ден. Чувството е како да изгоре сѐ. Дури и денот кога сме се родиле. Затоа што повеќе ништо нема смисла. Не барем во овие моменти…
Токму така својот роденден го доживеа и музичарот и кантавтор Никола Перевски- Пере кој седна и истури тон емотивни стихови.
Фронтменот на музичката групата „Нокаут“ во месец Март, наполни 47 години и по тој повод се огласи на социјалните мрежи. Сепак по трагедијата во Кочани, Пере својата тага ја преточи во песна.
РОДЕНДЕН
Денес ми е роденден.
Се сеќавам.
Не те славам.
Ова не е објава,
туку белег со неколку реда
што ме болат.
Не ми се пие и пее,
не ми се брои
години.
Децата изгореа во песната,
музичарите паднаа на бината.
Како ноти што никогаш
не добиваат рефрен.
Некои си отидоа
пеејки.
Други со рацете на жиците.
Сцената ги прегрна
мајка како што не пушта и
кога знае дека губи.
Денес ми е роденден.
но нема што да посакувам.
Освен да го вратат времето
или барем
да престане да пече.
Никола Перевски
Инаку, Перевски има четири ќерки. Две од првиот бракот со новинарката Александра Спировска, Михаела Миа која е придружен вокал во бендот и помалата Каја, а со втората партнерка Јована ја доби Софија и најмалата принцеза Ирис.
фото: printscreen/instgaram/Facebook/Nikola Perevski