Националниот џез оркестар ќе ја отвори новата сезона на 7 октомври со концерт со американскиот композитор, аранжер и тапанар Ден Пјугач во Националната опера и балет, Пјугач, кој е дел од современата њујоршка џез сцена, во 2025 ја освои наградата Греми за најдобар албум на голем џез ансамбл.
Со Националниот џез оркестар ќе диригира Џијан Емин.

Билетите се продаваат онлајн и на продажните места на „МК тикетс“. Студентите и пензионерите ќе можат да купат билети со 50 отсто попуст на денот на концертот во билетарницата на НОБ.







