Првата љубов на познатата двојка Мики и Светлана Црнокрак, ќерката Моника, доминира секаде, непосредно, на социјални мрежи, ма секако…
Лето или зима, покриена и закопчана до грло или пак подразголена во бикини, фустанчиња, дневни и вчечени изданија, Моника секогаш ја носи својата светла ѕвезда и „круна на главата“ од која зрачи во секоја прилика.

Убавата наследничка Црнокрак секогаш насмена и со ведар дух, зрачи со својата харизма и плени со божествена појава.
Таква е и на последните и најнови фотографии каде позира на плажа во црн проѕирен фустан под кој носи бинини со „анимал“ принт, а покрај својата заводлива појава засенува се’ околу себе, па дури и моќта на природата.

Моника ги обожава патувања, па така редовно куферот и е спакуван за некоја атрактивна дестинација заедно со саканиот.
Овој пат не откри каде е, но почести со прекрасни фотографии од себе каде дури и црното на неа знее да блеска во сиот сјај!

За потсетување, Моника, инаку дипломиран економист, веќе длабоко е навлезена во светот на моделството и учествата на избори за убавина чекорејќи по стапките на родителите. Моника освои неколку титули за убавина и продолжува понатаму, а се проба и како водителка заедно во емисија со Миро Кацаров.
фото:Instagram printscreen/ mcrnokrak




