Радио Милева искуство, самодоверба и гордост

Ева Величковска со крената глава од светската сцена: Македонската мисица ги освои погледите во Виетнам!

Ева Величковска со крената глава од светската сцена: Македонската мисица ги освои погледите во Виетнам!

Нашата преубава Ева Величковска достоинствено и со крената глава го заврши своето учество на престижниот избор за Мис на Светот во Виетнам, каде што рамо до рамо се натпреваруваше со дури 111 убавици од целиот свет.

Иако не успеа да обезбеди место во финалниот круг, 20-годишната студентка по психологија остави впечаток каде и да се појави. Со шарм, елеганција и софистициран изглед, Ева со своите појавувања на модната писта успеа да го привлече вниманието и да ги освои симпатиите на јавноста.

А по завршувањето на гламурозната вечер, Ева се огласи со порака која открива дека зад убавината стои и голема зрелост.

Наместо разочарување, таа сподели дека чувствува чиста среќа и огромна благодарност што ја добила можноста гордо да ја претставува Македонија и да ја носи својата земја во срцето низ секој чекор од ова незаборавно патување.

„Кога се навраќам на финалната вечер на „Мис на светот“, чувствувам само чиста среќа и благодарност.
Бескрајно сум благодарна што бев дел од ова неверојатно патување и што го споделив со 111 прекрасни девојки од целиот свет. „Мис на светот“ нè спои и ми подари спомени и пријателства што ќе ги носам со себе засекогаш.
Посебна благодарност до @missworld за ова незаборавно искуство, како и до @missmacedoniaorg што го овозможија ова патување и ми дадоа можност да ја претставам мојата сакана земја на најдобар можен начин.
Чест ми беше што ја носев Македонија во срцето на секој чекор од ова патување.
И посебна благодарност до @abazexclusive за прекрасниот фустан што го носев на финалната вечер“ – споделила македонската мисица на својот Инстаграм профил.

Во изминатите денови јавноста особено внимание посвети и на нејзините впечатливи модни изданија. Ева блесна во неколку уникатни тоалети, меѓу кои и креацијата инспирирана од македонското сонце, но и раскошниот финален фустан од домашно модно студио, кој привлече внимание и на светската модна сцена.

Можеби не ја освои титулата, но Ева од Виетнам се враќа со нешто што не се мери со круна – искуство, самодоверба и гордост што Македонија ја претставуваше со стил и достоинство.

А токму тоа останува најважно: нашите девојки на најголемите светски сцени да покажат дека убавината не е само во изгледот, туку и во начинот на кој ја носиш својата земја со себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ева (@velickovskaae)

Фото: Инстаграм/velickovskaae

To top