Радио Милева ноле и жиле

Фановите на Новак Ѓоковиќ љубоморни на познатата македонска водителка која го начека за заедничка фотка

Фановите на Новак Ѓоковиќ љубоморни на познатата македонска водителка која го начека за заедничка фотка

На познатата македонска водителка не ретко знае да и се погоди друштвото и да ги направи своите следбеници љубоморни за можностите и приликите, особено кога оди на патувања низ светот.

Ако пред три години на познатата  ТВ водителка Живкица Каленикова или попозната како Жиле, и се погоди во Дизнилед да ја начека сопругата на славниот фудбалер Лионел Меси, Антонела, овој пат не беа случај сопруги на некој од познатите, туку лично и персонално тој – тенискот ас Новак Ѓоковиќ.

Рамо до рамо со Ноле, нашата Жиле направи  две фотки за спомен, една во крупен и друга широк кадар, локацијата не беше откриена, но затоа овој момент за да се пофали, осамна кај Жиле на социјалните мрежи.

Коментарите веднаш почнаа да се редат од типот на тоа дека се почесто друштвото и е погодено, како и она дека и се љубоморни што не се на нејзино место, па и прашањата од типот на „кај го најде?“.

Насмеана, возбудена и горда што токму таа имаше вкава можност да овековечи спомен со светски познатиот тенисер, со кој да бидеш во вака блиско друштво навистина е среќа.

фото:Facebook/ Zivkica Kalenikova/Instagram printscreen/ djokernole/ zivce/ Gemini(ВИ)

To top