Водителката Јована Јеремиќ и нејзиниот свршеник Милош Стојановиќ Тигар споделија видео во кое разменуваат нежности, а тоа предизвика различни реакции.
Јована Јеремиќ повторно предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. На снимката која ја објавија, се гледа како Јована и Милош уживаат на плажа, очигледно со подивени хормони.
Нив двајца разменуваат нежности без задршка, а раката на Тигар залута на задникот на Јована, што предизвика најмногу реакции на мрежите. Ваквата отвореност во покажувањето настрастите не помина незабележано, па коментарите на фановите и љубопитните следбеници веднаш започнаа.
View this post on Instagram
Покрај визуелниот дел, посебно внимание привлече и емотивната порака која Јована Јеремиќ ја остави покрај објавата.
„Не може ветер едрата да ми ги покрене, бидејќи покрај тебе пуштив корени“, напиша водителката, јасно покажувајќи колку ѝ значи односот со свршеникот.

Ваквата искреност наиде на различни реакции, но никој не остана рамнодушен. Фановите во коментарите се поделени, додека едни ги поддржуваат Јована и Тигар, други сметаат дека ваквата снимка е премногу интимна за социјалните мрежи.
Исто така, многумина ја пофалија нивната храброст јавно да ја покажат љубовта.
фото:Instagram printscreen/jeremicjovana




