Радио Милева со друштво

Наташа Беквалац ги спакува куферите: Пејачката се огласи од оваа егзотичната дестинација

Наташа Беквалац ги спакува куферите: Пејачката се огласи од оваа егзотичната дестинација

Пејачката Наташа Беквалац ја напушти Србија и замина на Тајланд со својата ќерка Катја, сестрата Кристина и внукот.

Таа го документираше  своето патување преку фотографии на кои се гледаат сместувањето и плажите на оваа егзотична локација.

Наташа дефинитивно ужива во својот одмор, а тоа го потврдуваат фотографиите што Кристина ги објави на  Инстаграм.

Според објавите, Наташа си игра на плажа со децата, а Кристина потоа покажа дека го посетиле и аквариумот.

Малку подоцна, тие заминале да ги посетат и  слоновите.

– Време е да се поврземе со семејството и животните – напиша Кристина во описот.

Foto: print screen/Instagram/bekvalceva

To top