Радио Милева голгота

„Најлош кошмар“ – Емина Јаховиќ скршена од трагедијата во Кочани (фото) 

„Најлош кошмар“ – Емина Јаховиќ скршена од трагедијата во Кочани (фото) 

Невидена трагедија ја погоди Македонија откако во Кочани избувна пожар во клубот „Пулс“ во кој загинаа 59 лица, меѓу кои и познати музичари кои настапуваа на 16 ти Март.

За оваа трагедија се изјаснија бројни јавни личности од регионот кои изразија сочувство до семејствата на жртвите и упатувајќи зборови на поддршка за народот во Македонија. Меѓу нив е и Емина Јаховиќ, која не ја криеше тагата и шокираноста од несреќата.

– Драги мои луѓе, толку ми е тешко и силно ме потресе трагедијата во Македонија. Дури 24 часа подоцна ме погоди реалноста, останав без зборови и вкочанета. Се чувствувам како да сонувам и чекам некој да ме разбуди. Скршена сум“, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.

Таа, исто така, изрази сочувство до семејствата на жртвите:

– Нека почиваат во мир сите жртви, а Господ да им даде сила на нивните семејства да ја издржат оваа голгота. Длабоко сочувствувам и се молам за сите нив“, рече Јаховиќ.

фото: print Screen/Instagram

To top