Радио Милева отиде јабана...

На пејачката „и избега“ алатката: Лина Пејовска во клубот „го бркаше“ микрофонот, ама не го фати, па го собираше од подот (ВИДЕО)

На пејачката „и избега“ алатката: Лина Пејовска во клубот „го бркаше“ микрофонот, ама не го фати, па го собираше од подот (ВИДЕО)

Младата македонска пејачката Лина Пејовска како и повеќето, особено оние помладите  пејачки од естрадата, редовно споделува фотографии и видеа на социјалните мрежи.

Од себе си, облечена во разни модни комбинации, разни моменти од својот приватен живот, но и од своите настапи по ноќните клубови и дискотеки ширум Македонија.

На таканаречените „тезги“ покрај песната,  и забавата се случуваат и разно-разни интересни, необични, понекогаш смешни, понекогаш непријатни работи, ама затоа случките се тие што ќе се паметат за цел живот. Особено ако се смешни како оваа што и се случи на Лина при еден нејзин скорешен настап во еден ноќен клуб во Свети Николе.

Атмосферата еуфорична, расположението на максимум, а пејачката пуштена најасилно, во целот свој изведувачки занес и еуфорија во еден момент  остана без алатот за работа.

Имено, додека изведуваше една позната евергрин балада од Здравко Чолиќ на Лина Пејовска микрофонот „и избега“ од сталакот. Пејачката се сецна, па тргна да го брка, ама никако да го фати и… Микрофонот за миг се најде на подот, а кутрата Лина, шокирана направи фаца како  „да и потонал бродот“! Ем што и се прекина изведбата среде песна, ем што скапата алатка отиде јабана.

Дали потоа продолжи на истиот или мораше да земе друг микрофон, останува  да објасни, ама она што пејачката и самата го споделила на своите Инстаграм приказни, слатко ги насмеа нејзините следбеници, а веројатно и сите присутни таа вечер во клубот.

Њнема да дозволам ова да се заборави“ – напишала пејачката заедно со клипот. Белким подобро е да не дозволи … да и се повтори!?

Фото и видео: Инстаграм/pejovskalina

 

 

 

To top