Радио Милева почестен

На Булеварот на славните блесна уште една ѕвезда- овој пат на Лени Кравиц (фото)

На Булеварот на славните блесна уште една ѕвезда- овој пат на Лени Кравиц (фото)

Светски познатиот рок музичар Лени Кравиц доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. 59-годишниот музичар, познат по сингловите „Fly Away“, „It Ain’t Over ‘Til It’s Over“ и „American Woman“ и многу други, пристигна на церемонијата во друштво на семејството и пријателите, меѓу кои и познатата ќерка , 35-годишна актерка и режисерка Зои Кравиц, која одржа емотивен говор по тој повод.

„Задоволство ми е што те познавам долго време. И морам да кажам, да се биде твоја ќерка е една од најголемите авантури во мојот живот. Со оглед на тоа дека беше прилично млад кога се родив, на многу начини пораснавме заедно. Поминавме многу. Видовме многу. Сум видела како се менуваш на најубави можни начини, но и како остануваш ист кога се во прашање најважните работи во животот“, рекла актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

„Секогаш си тука кога ни требаш, несебично се грижиш за луѓето што ги сакаш, сакам колку си посветен на музиката и уметноста“, додала актерката, која се пошегува и за проѕирните кошули кои често ги носи Лени.

„Според татко ми, ако кошулата не ви ги открива брадавиците, тоа не е вистинската кошула“, се пошегува таа.
„И, се разбира, ме срамеше кога така ме земаше од училиште како дете, но морам да ти кажам дека го сакам и почитувам дури и тоа кај тебе. Честитки, навистина си ѕвезда“, заклучи Зои.

Покрај семејството, Кравиц дојде да му даде поддршка и на познатиот актер Дензел Вашингтон, кој исто така ја искористи приликата да каже неколку зборови за својот долгогодишен пријател.

„Тој всушност ми е многу повеќе од пријател, тој е мој брат“, рече тој.

Партнерот на неговата ќерка, актерот Ченинг Тајтум, дојде да го поддржи музичарот.

фото:instagram printscreen/ lennykravitz

To top