За некогашната македонска пејачка Нона Неделковска очигледно нема зима. Работно и започна уште првиот ден од првата недела на новата 2025-та година откако „најшетаната велешанка“ новата ја дочека на еден од прекуокеанските крузери на кои повеќе од една деценија работи.
Пото следуваше нова тура пловидби преку седум мориња и океани, за до пред некое време да се врати дома, на привремена „стенд бај“ пауза.
Родниот Велес го виде само на кратко, зашто работата одново ја повика од Велешко езеро, прво на авион па во првото пристаниште да се качи на големата „лаѓа“ на која го помина речеиси половина од животот и одново да се впушти во нови морски авантури.
Овој пат патот на брановите ја одведе одново далеку, на уште една егзотична дестинација на Атлантикот.
Карипските острови Антигва и Барбадос, познати како дел од рајот на земјата во многу што ги менуваат нештата штом стапнете на нив.
Откако претходно фрли поглед во огледалото дали е се по протокол и потаман, додека големиот брод стоеше закотвен, убавата црвенокоса бродска менаџерка реши и на овој рај на земјата „да му земе мерка“!
Освежување под палмите со атлански ветар, додека сонцето благо го милува нејзиното лице, како божји дар во рајот за македонската морска лавица.
Океанот нуди изобилство задоволстава, од бескрајно лежење на песочниот брег заради темнеење на тенот, до забава на песокот до крајот на денот.
Малечката сирена од прекуокенаските крузери очигледно знае како да ужива за сите пари, особено кога ќе го почувствува соленото задоволство на бескарјното, тиркизно, океанско синило!
Како риба во вода, ослободена од сите грижи и сиот стрес, како да е родена на Карiбите, а не да е Македонка од Велес!
А потоа испружена на лежалка со сите четири во височина и кокосов коктел под синото небо, само со една цел…
Земи од животот се’ што ти пружа и нуди, без оглед каде те носи, кое утро каде те буди!
Токму вака живее Нона Неделковска, прикажано во една слика!
Музичката кариера кога беше на врвот ја остави, работата на крузерот можеби наскоро ќе ја батали, ама Ноне, дефинитивно никогаш не може да потоне!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/nona.nedelkovska