Македонија доби уште една вицешампионка во танцување! Македонската танчерка Мила Србиноска од скопското танцово студио Break A Leg го освои сребрениот медал во категоријата All Style Battles на IDO Европското првенство, кое од 1 до 7 јуни се одржа во Клагенфурт, Австрија.

Пробивајќи се низ силна конкуренција од врвни европски батл танчери, Србиноска стигна до финалето и ја понесе титулата европски вицешампион.

Резултатот е уште една потврда за нејзиниот статус меѓу најдобрите имиња во уличните танцови дисциплини.
Танчарката пресреќна, нејзите од клубот исто така, Македонија горда, но сепак најгорд нејзиниот татко, познатиот македонски кантавтор, музичар и пејач Мартин Мила.

Тој како и по секој успех на неговата ќерка досега, не можеше да ја скрие радоста и гордоста што токму неговото девојче блеска редејќи нови успеси, па така по светската шампионска титула во хип-хоп што ја освои во 2024 година, на ред дојде и европската вицешампионска во во батл танци.

Инаку Мартин чие вистинско презиме е Србиноски по разводот од својата сопруга го отфрли вистинското презима и на своето име му го додаде името на тогаш својата малечка ќеркичка па под уметнничкиот прекар Мартин Мила продолжи да настапува.

Радоста и гордоста не можеше да остане и јавно несподелена, па музичарот на својот Инстаграм со помош на вешетачката интелигенција објавил цртеж во вид на карикатура на која Мартин и Мила незапирливо заедно ги споделуваат успесите, само на различна сцена.
„Различни страсти – иста сценска енергија“ – додал гордиот татко во описот на објавениот цртеж.


Инаку IDO Европското првенство на кое Мила Србиноска стана европска вицешампионка ги опфаќа дисциплините хип-хоп, попинг, breaking и All Style Battles и се смета за едно од најпрестижните натпреварувања во уличните танци.
Фото и видео: Инстаграм/martin_mila/Studio BREAK A LEG





