Пејачката Зорана Миќановиќ потврди дека ја прекинала врската со колегата МЦ Стојан, кој е 22 години постар од неа. Пејачката на својот Инстаграм сподели видео од него каде ги снимал девојките со кои бил опкружен на плажата на Кипар, каде што е веќе неколку дена.
Зорана сега откри дека раскинала со Стојан, но не сакала да ги открие деталите.
„Не е шега. Вистина е дека раскинавме. Навистина не би давала детали, едноставно раскинавме“ – изјави таа за Блиц и додаде:
„Му посакувам се најдобро!“
Инаку, МЦ Стојан на своето стори на споменатата платформа објави дека Зорана не му се јавува на телефон.
„Не знам зошто се лутиш, но во ред… Барем одговори ми на телефон кога те барам“ – напиша тој. „Не беше намерно“…
Нејзиниот одговор – брутален! „Не сме повеќе во врска… Благодарам“!
Фото: Инстаграм/zorana_micanovic_official/mc_stojan