Мики и Светлана Црнокрак важат за еден од најубавите и најхармоничните познати брачни двојки од јавниот живот во земјава.
Оттука, разбирливо и очекувано да имаат исто толку убави, ако не и поубави наследнички кои го собрале најубавото од гените на мама и тато.
Моника и помалата Нина се гордоста на Мики и Светле, нивната прва љубов, Ќерката Моника веќе ја гледаме редовно на телевизија како воидителка, додека Нина веќе посака и беше малечка принцеза со титила на еден избор за убавина.
Ако досега ја викавме малечката, Нина веќе е пораснато девојче, поточно тинејџерка која вчера го прослави својот 13-ти роденден.
Дада Мони направи неколку фоттографии со славеничката и ги објави на својот Инстаграм. Балони, конфети, торта и свеќи, а секако и прегратки со многу љубов подарена од најсаканите.
Од приложеното може да се види дека ако Моника е копија на мама Светле, Нина дефинитино е на тато Мики.
Среќен роденден!
фото: Instagram printscreen/ mcrnokrak