Македонската музичка сцена е побогата за уште еден модерен и разигран рефрен.
Кавадарчанката Софија Манева ја претстави својата песна со наслов „Лигав тип“, која доаѓа во пакет со визуелно впечатлив и атрактивен видеоспот. Како комплетен автор на музиката, текстот, миксот и мастерингот се потпишува Перо Манев, а песната е снимена во студиото SST Production.
Преку директен и духовит текст, Софија пее за однос со момче кое наместо да ја освои, станува предмет на иронија, иако зад приказната се крие признание дека некогаш сепак постоел интерес.

Зад динамичниот и провокативен спот стојат режисерот Даниел Јовески и Sustain Production, сценографијата е дело на Тони и Кире Јовески, додека координатор на проектот е Благица Шуклеска.
Софија Манева по подолга пауза се вати на сцената со специфичен стил и сигурен став, a и музика која од неа е веќе позната. Низ годините, таа успеа да остане запаметена, а овој визуелен новитет е само уште една потврда за нејзиниот чекор понатаму.
Поп-пејачката во минатото го привлече вниманието на македонската јавност кога јавно ја критикуваше вулгарноста во текстовите на одредени домашни рапери, ставајќи го акцентот на зачувување на поп-културата и повлекувајќи се од тогашните трендови.
фото:You tube printscreen/Sofija Maneva/Chat Gpt






