По успешниот настап на регионалното музичко талент шоу Х – фактор, Филип Јаневски Фифи, кој себеси се чувствуваше како жена заробена во машко тело, замина да живее надвор од Македонија. Се пресели во Шведска, каде по својата родова трансформација и половата метаморфоза, откако се подложил на хормонски терапии, го промени полот, направил надградба онаму каде што треба и стана коечно е свој. Поточно Фифи стана Џиа! Трансформацијата и адаптацијата на новата средина траеше долго, а со тоа следуваше и музичката пауза на сега веќе, пејачката од Македонија со шведска адреса.

„Луѓе, толку сум среќна и возбудена што можам да ви кажам дека по 12 години, конечно во април влегувам во студио и ќе работам на нова песна.
„Free“ го претставува моето патување кон слобода, будење и љубов кон себе. Јас го напишав текстот и тој е длабоко личен. Едвај чекам да го слушнете!“ – сподели на почетокот на годината македонската пејачка.

Она што во април го вети на крајот на летово пејачката го исполни… Џиа е конечно слободна! Така носи наслов најавената песна и видеото за неа – „Free“!

„Животот ќе те научи на многу лекции. Некои луѓе ќе те изневерат, тешкотиите ќе те обликуваат, лажните пријателства ќе ти ги отворат очите, а странците можеби ќе ти помогнат да се излечиш. Сето тоа е дел од патувањето. Најважната лекција? Остани верен на себе.

Никогаш не се намалувај себеси само за да се вклопиш во туѓиот свет. Никогаш не се губете барајќи прифаќање, љубов или разбирање. Избери се себеси. Заштити го својот дух. Следи го своето срце. Секогаш биди #СЛОБОДЕН“ – споделила Џиа во најавата на неговата тукушто излезена песна која навистина звучи налик на светските електронски поп хитови.

Песната е достапна на сите најбитни стриминг платформи, а истата е визуелизирана со видеоспот, изработен со помош на вештачка ителеигенција (AI), како што самата Џиа споделила во официјалната најава.
View this post on Instagram
Како звучи и изгледа нејзината слобода проследете од видеото за „Free“ во продолжение…






