Радио Милева Благословена

„Моето Божилаче полни 16че“ – Сузана Турунџиева со фотографии и го честиташе роденденот на помалата ќерка (фото)

„Моето Божилаче полни 16че“ – Сузана Турунџиева со фотографии и го честиташе роденденот на помалата ќерка (фото)

ТВ водителката, пејачка и писателка Сузана Турунџиева покажа дека за неа овој период од годината навистина е магичен. Покрај  Божиќ  кој православните го празнуваат  три дена таа има уште еден голем повод за славење.

Пред 16 години, Сузе на втората божиќна вечер стана мајка по втор пат  и на свет ја донесе ќеркичката Матеа.

Бог ја  даруваше со нејзниното второ чудо, па оттогаш има дополнителен повод за славење божично-роденденски.

 

Па иако сега Матеа е порасната убавица, водителката секогаш  ќе се сеќава на она што и го кажала ќерката кога била малечка па напиша :

– Денес моето Божилаче полни 16че. Кога беше малечка ми велеше: Мамо, ти не си стара, само ти се големи годините.
Се што можам да посакам на овој Божик е да дочека гоолеми, мнооогу поголеми години од моите во здравје и љубов, а јас да бидам до неа и со неа уште минимум 16 родендени. Христос се роди, За многу години Божиќ.

Матеа е честа придружба на мајка си каде и да оди, па откако се омажи постарата ќерка на Сузана,  сега таа најчесто сака да и биде друштво на мама.

 

Фото: printscreen/Facebook/Instagram/Suzana Turundzieva

To top