Милица Павловиќ неодамна гостуваше во една емисија, а по тој повод откри досега непознати детали од нејзиниот приватен живот.
Милица отворено проговори за тешката сообраќајна несреќа во 2010 година
Имено, таа откри дека доживеала несреќа во Швајцарија, пред да се прослави преку музички натпревар.
– Имам 32 конци. Имав сообраќајна несреќа во Швајцарија, пред натпреварот. На натпреварот носев метална шина и штом ја снимив песната „Танго“, заврши летната турнеја, се вратив назад и повторно ме оперираа. Тоа беше огромен проблем – рече Милица и додаде:
View this post on Instagram
– И кога ме вози возачот, нема сон, бидејќи цело време со него „возам, кочам и давам гас“. Можеби двајца-тројца околу мене треба да возат за да заспијам, инаку нема шанси. Цело време сум будна, тоа е нешто посилно од мене – изјави Павловиќ за Блиц.
фото: Instagram printscreen/ senoritamilica