Корисниците на социјалните мрежи покрај сите меѓусебни поделби, меѓу останатото генерално можеме да ги поделиме во две основни групи: поддржувачи и мразачи… Фанови и хејтери!
Токму тоа беше една од темите на муабет нво последното издание на ТВ шоуото „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков, кај која меѓу останатите на гости и беше и контролорот на летање и пејачка, Наташа Крстевска Мијатовиќ, во естрадниот свет попозната како Мијата.
Меѓу останатото кога падна муабет за хејтерите, Мијата имаше свое видување за мразачите, па со две реченици го појасни феноменот на хејтерите.
Според неа заклучокот е еден: „Кој те мрази, те мрази… Џабе ‘везеш’… Што и да сториш, каква и добрина да направиш, колку и да се трудиш, тој што решил да те мрази, пак ќе те мрази…“!
По ова излегува дека штом слушнете или прочитате нешто неповолно, непристојно, лошо или погрдно за себе од некого, не се нервирајте… Успокојте се, нема потреба од нервоза, зашто хејтерите се „пациенти со непозната дијагноза“… Секогаш за вас ќе зборуваат во негативен контекст, зашто тоа им ја храни душата… Барем така мисли Мијата… И веројатно не е далеку од вистината!?
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/nestokonkretno1