Радио Милева клетва или невнимание?

Миа Костова имаше „бакнеж со бетонот“ па се разочара, но откако го виде џипот на Бака Прасе, повеќе не е неутешна (ВИДЕО)

Миа Костова имаше „бакнеж со бетонот“ па се разочара, но откако го виде џипот на Бака Прасе, повеќе не е неутешна (ВИДЕО)

Миа Костова уште еднаш јавно си ја кажа маката. Онаа. последната што и се случила, а никој не ја посакува. До душа, за среќа последиците се далеку од делекусежни, ама сепак штета си е штета… Та била и само материјална!

Имано, иако како што самата тврди никогаш до сега „не ја чепнала колата“, ете и тоа и се случи. Затоа никогаш не вели никогаш… Оти секогаш има прв пат! Дали некоја ја проколна или брзајќи некаде била само малку поневнимателна, е дилема на која ни самата го бара одговорот. Она што е сигурно е дека познатата инфлуенсерка имала „блиска средба со бетонот“ или поточно „еден вид бакнеж со бетонски ѕид“.

„Не знаете како си ја закачив колата?! Друга кола не беше ‘повредена’ , да не помислите дека сум ‘киднала’, само ‘се бакнав’ со еден огромен бетон! И многу се изнервирав, ама како викаат лошото нека оди таму…“ – раскажува Миа.

„Бакнежот со бетонот“ очигледно многу ја разочара, арно ама за се’ постои утеха. Штетата не е дека не се поправа, а Миа Костова е доволно успешна за да има за поправка, која патем можеби и ќе може да ја искомпензира. А кога сме веќе кај утехата… Откако го виде џипот на Бака Прасе, како Брабусот од пола милионче неповратно гори, инфлуенсерката повеќе не е неутешна… Само онака малку и е криво, па си збори!

А, тоа што видеото е налик на карикатура… Онака, од чиста превентива, на некоја „болно љубоморна“ да не и текне, навистина да ја проколне!? Па после тоа, скраја да е и неа како српскиов јутјубер да ја зборат, дека… убавите коли – убаво горат!

Фото и видео: Инстаграм/miandrija

 

To top