Радио Милева административни обврски

Мелина, поранешната сопруга на Харис Џиновиќ се врати во Белград

Мелина, поранешната сопруга на Харис Џиновиќ се врати во Белград

Модната дизајнерка Мелина Галиќ беше видена во понеделникот во Белград, во зградата на општината Савски венец!

Поранешната сопруга на Харис Џиновиќ наводно дошла во општината за да ја заврши потребната административна постапка и да ги земе сите документи потребни за ново животно поглавје, односно новиот брак.

– Мелина пристигнала во зградата ненаметливо, без придружба или голема помпа, но со јасна причина. Дошла за да ја собере и среди комплетната документација потребна за склучување нов брак – наводно изјавил извор од општината за Курир.рс

– Престојувала кратко време, посетила неколку шалтери и разговарала со вработените. Изгледала смирено и фокусирано, како некој што точно знае за што дошол. Колку што слушнав, зела потврда за слободен брачен статус, односно дека е законски разведена жена – рекол соговорникот кој се нашол на лице место, пишува гореспоменатиот медиум.

фото:Instagram printscreen/hamelofficial

To top