Мегафон бендот загуби свој член

Меѓу починатите е и членот на придружната група на ДНК, тапанарот Ѓорги Георгиев од Струмица

Меѓу починатите е и членот на придружната група на ДНК, тапанарот Ѓорги Георгиев од Струмица

Младиот и талентиран музичар, член на придружната група на ДНК, тапанарот Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој се истакнуваше со својот музички талент, го загуби животот во трагичниот пожар што избувна во клубот Пулс во Кочани.

Ѓорѓи ќе биде запаметен како млад и надежен музичар кој својата страст за музиката ја споделуваше со сите околу себе. Секогаш позитивен, насмеан и мотивиран да создаде нешто убаво, тој беше инспирација за многу млади таленти.

Веста на социјалните мрежи ја објави и Димитар Ѓоргиев, родениот брат на Ѓорѓи.

Трагичната вест исто така ја потврди и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој на својот Фејсбук  објави тажна вест, дека меѓу загинатите има и член на музичкиот бенд ДНК.

„Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции.

Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, – напиша на оваа социјална мрежа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Фото: Фејсбук/Kostadin Kostadinov/Инстаграм/Dimitar Gorgiev/dzoko_thedrummer
To top