Радио Милева прочистена душа, нова енергија и полни батерии

Машките очи останаа на неа, а таа тагува по летото: Милена Антовска со емотивна исповед го напушта морето

Машките очи останаа на неа, а таа тагува по летото: Милена Антовска со емотивна исповед го напушта морето

Познатата македонска ТВ водителка Милена Антовска Станковска реши пред своите следбениви на Инстаграм и пред пошироката јавност да покаже како изгледаше нејзината последна летна авантура од море, а приотоа накусо да воведе и една емотивна нота.

Додека летните денови полека го отстапуваат местото на претстојната есен, Милена реши да стави точка на уште едно поглавје од својот живот, и тоа на најромантичниот можен начин – покрај морскиот брег.

Таа на својот Инстаграм профил сподели серија летни фотографии на кои изгледа како вистинска приморска сирена, привлекувајќи ги погледите со својата беспрекорна, атрактивна линија, особено за машките очи кои останаа на неа.

Во маслинесто-зелено бикини кое совршено ја истакнува нејзината витка фигура, и во лесен, затегнат бел плетен фустан за плажа кој дополнително внесува доза на мистичност и сексапил, водителката покажа дека софистицираната убавина и харизмата едноставно одат со нејзиното име.

Сепак, она што дополнително ја „запали“ публиката и ги разнежни нејзините бројни следбеници беше длабоката, лична порака која таа ја сподели како опис на фотографиите.

Очигледно е дека ова лето за неа донело предизвици, па Милена одлучи емотивно да се прочисти пред брановите.

„На морето му ги оставам сите тешки моменти од ова лето, а со себе ги носам само лекциите и убавите спомени. Ги пуштам брановите да го однесат сето она што не сакам да го понесам во есента“, напиша Милена.

Оваа нејзина објава е вистински доказ дека зад атрактивниот и секогаш насмеан изглед на ТВ-екраните, се крие жена со силен дух која знае како да се избори со животните бури и со крената глава и да се препушти во новата сезона.

Со прочистена душа, нова енергија и полни батерии, барем онолку колку што успеала, Милена се враќа назад, онаму каде застана.

фото:instagram printscreen/ milena_antovska

To top