Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ, скопјанка и кумановка, двете млади пејачки за кои првата асоцијација се „Пинкови ѕвездички“, нешто што и всушност ги поврзува.
Откога се нетпреваруваа во регионалното детско музичко шоу помина доста време, ѕвездичките пораснаа, едната се омажи и стана мајка, додека другата израсна и визуелно се преобрази во сосема друга девојка која ако не ја следите по социјални мрежи, тешко би ја препознале дека е истата.
Антониа и Мартија своевремено се дружеа доста, особено пред Антониа да се омажи и да ја раскине претходно долгогодишната врска со пејачот Иван Јованов со кого пак Мартија подоцна почна да настапува заедно по клубови.
Дружбата лека- полека ја снема, патиштата им се разидоа или друштвата во кои се движеа и работеа едноставно не се поклопуваа, останатото наедно познато само меѓу нив и веројатно блиски кругови на пријатели и познаници.
View this post on Instagram
Неодамна Мартија беше гостинка во поткастот на телевизија Сител кој треба да биде објавен денес (четврток), а во најавното видео, Мартија зборува токму за тоа што се случува помеѓу некогашните пријателки и каде „лежи зајакот“ за тоа што меѓу нив ништо не е исто.
-Во тој период се дружевме со Антониа. Навистина имаше тежок период Антониа, мислам дека моето заминување во Куманово таа го доживеа лично, дека ја оставам, а јас не ја оставив, си се вратив дома. Мислам дека тука дојде до некое недоразбирање инаку јас немам ништо лично немам – кажа Мартија што наедно беше изјава меѓуредови од она што дополнително ќе биде објавено денес во целост во 20 часот на поткастот на видео платвормата Јутјуб на Сител телевизија.
View this post on Instagram
Што и како било во детали, дознаваме наскоро…
фото:Instagram/ You Tube printscreen/ martijastanojkovic/ antoniagigovskaa