Пејачката Сања Вучиќ само привремено ја замени Марија Шерифовиќ во жирито на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Сања за време на снимањето изјавила дека Марија Шерифовиќ и испратила список со желби за кој таа би сакала Сања да гласа кога се во прашање натпреварувачите во ова шоу.
Токму поради тој чин некои твитерџии ја повикаа Марија дека влијаела на гласањето на Сања.
Ali Marija koja joj sugeriše za koga i kako da glasa, koliko me nervira ta žena.
— Bejbicalmdown (@bejbicalmd74819) March 14, 2024
-Но Марија која сугерира кој и како да гласа, колку ме нервира таа жена – рекол еден твитерџија на кој не му се допаднало тоа што го кажала Сања.
Сепак, Сања брзо реагираше и ја појасни својата изјава.
Ne ne ne, meni je ona poslala spisak svojih takmicara, a rekla je da glasam po svom nahodjenju, a da svakako imamo sličnu viziju o tome šta tražimo u pevaču… Mozda se nisam lepo izrazila
— Sanja Vučić (@sanjalilwolf93) March 14, 2024
– Не не не, таа ми го испрати списокот со нејзините натпреварувачи, и рече дека треба да гласам по моја дискреција и дека секако имаме слична визија за тоа што бараме кај пејачката… Можеби не се изразив добро – објави Сања на мрежата „Х“.
Фото: printskrin/instagram/Х